Вечерва (19 мај) од 20 часот, во Камерната сала на Филхармонијата ќе настапи „Ченг дуо“, во кое свират Брајан Ченг на виолончело и Силви Ченг на пијано. На програмата се дела од Дебиси, Равел, Де Фаља, Цинцадзе и Шостакович.
Ова кинеско-канадското дуо го сочинуваат брат и сестра: Силви Ченг е родена во Токио, а Брајан Ченг во Отава. Тој во моментов живее во Берлин, а таа во Њујорк. По нивното деби како „Ченг дуо“ во 2011, настапувале во Америка, Европа, Азија и Јужна Африка. Од 2013 имаат аранжирано 15 нови дела и одржале концерти што ги спојуваат класичната и современата музика со џез, поезија и визуелна уметност. Дуото има издадено четири албуми.