„КОЛДПЛЕЈ“ ПРОДАЛ НАЈМНОГУ КАРТИ, ТЕЈЛОР СВИФТ НАЈМНОГУ ЗАРАБОТИЛА ОД КОНЦЕРТИТЕ ВО ОВОЈ ВЕК

Њујорк, (АП)

„Полстар“ ја објави листата на најпопуларните концертни артисти на милениумот и на првото место се најде „Колдплеј“ со продадени 24,8 милиони карти во периодот од 1 јануари 2001 до крајот на оваа година. Следуваат „Ју-Ту“ со 20,2 милиони и Ед Ширан со 19,6 милиони продадени карти.

На четвртото место е „Дејв Метјуз бенд“ (речиси 19,6 милиони), а најдобро рангирана жена е Тејлор Свифт со продадени 18,9 милиони влезници. Тука треба да се има предвид дека таа го има објавено првиот албум во 2006 година.

Првата десетка ја заокружуваат Брус Спрингстин, кантри пејачот Кени Чесни, „Металика“, „Бон Џови“ и Елтон Џон.

Сепак, најмногу продадени карти не значи и најголема заработка. Двегодишната турнеја „Ери“ на Свифт донесе приход од 2,2 милијарди долари, со што таа од своите настапи има заработено вкупно 3,1 милијарда долари во овој век. „Колдплеј“ е втор со речиси 2,5 милијарди долари.

Минатиот месец, и турнејата на Викенд ја надмина заработката од една милијарда долари.

(Фото: АП)