На 21 август од 21 часот, на летната сцена на Домот на млади во Штип ќе се одржи концерт посветен на Тоше Проески. Неговите најголеми хитови ќе ги пеат Дани Димитровска (фото), Антониа Гиговска, Бени и „Нон стоп“, Мартинијан Кириловски, Огнен Здравковски, Зоран Илиев, Марија Данева, Мики Секуловски, Лили Чили, дуо „Брајт“, Андријана Петрушовска, Наташа Малинкова, Вики и Мана и „Д Хаундс“.
Од 10 до 16 часот во Домот на млади е крводарителската акција „Биди хуман како Тоше”.
„Ја продолжуваме хуманата мисија на Тоше. Секој крводарител ќе добие влезница за концертот и пакет производи од нашите пријатели. Од 20 часот настапуваат ѕвездичките од детскиот фестивал ‘Весело штурче’, кои во хор ќе пеат песни од Тоше“, велат организаторите.
Влезниците се продаваат по цена од 300 денари, а на денот на настанот ќе бидат 400.