КОНЦЕРТ НА „ФОЛТИН“ НА 6 СЕПТЕМВРИ ВО ПРИЛЕП

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Групата „Фолтин“ ќе одржи концерт во Прилеп на 6 септември, на летната сцена на ЦК „Марко Цепенков“ од 21:30 часот.

„Фолтин“ ја одбележува 30-годишнината од формирањето и првиот самостоен концерт. Основана во 1995 во Битола, групата е препознатлива по својот уметнички и експериментален израз. Текстовите често се фонетска имитација на неколку медитерански јазици, „спонтан есперанто“, како што самите го нарекуваат. Нивниот музички стил наречен „псевдо-емигрантско кабаре“ е мешавина од традиционална музика, електроника и рок, збогатен со визуелни елементи од кабаре и перформанс.

Групата има објавено повеќе од десет студиски албуми, а нејзината музика е дел од над триесет театарски претстави и неколку филмови, како „Плати и жени“, „Со љубов“, „Исцелител“ и „Медена земја“.