Утревечер (31 мај) од 21 часот, во Младински културен центар ќе се одржи концерт на холандско-турскиот бенд „Алтин Гун“. Концертот е дел од дополнителната програма на годинашното издание на музичкиот фестивал Таксират.
Бендот свири психоделични рок верзии на турски народни песни со поп аранжмани. Досега има снимено пет албуми. Има настапи на најголемите музички фестивали, како што се Коачела, Примавера, Егзит и други.
Влезниците за концертот се продаваат преку мрежата на Мк тикетс.