Пијанистката Дуња Иванова денеска (8 октомври) од 20 часот ќе одржи концерт во Културно-информативниот центар во Скопје насловен „Кругови“. Централен дел од програмата се четирите истоимени пиеси чиј автор е пијанистот и композитор Дино Имери. Иванова премиерно ќе ги изведе неговите „Ни ваму ни таму“, „Валцерот на Миро“, „Мајка“ и „Дрво“.
На програмата ќе бидат и дела од македонскиот композитор и аранжер Давор Јордановски и од современата полска композиторка Ханија Рани.