КОНЦЕРТ НА „ТАНЕЦ“ НА ОТВОРЕНО ВЕЧЕРВА ВО ВЕЛЕС

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Ансамблот „Танец“ вечерва (2 јули) ќе има целовечерен концерт во Велес, од 20:30 часот во амфитеатарот на Младинскиот парк.

Концертот насловен „Ритамот на душата, бојата на традицијата“ е дел до содржините на годинашниов Меѓународен фолклорен фестивал во Велес. Членовите на ансамблот ќе изведат повеќе ора и песни од различни краишта на Македонија.

„Танец“ беше специјален гостин на концертот на хрватскиот ансамбл за народни игри и песни „Ладо“ на 3 јуни во Националната опера и балет.

П. ПЕЧКОВ