КОНЦЕРТ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ХАРМОНИКАТА ВЕЧЕРВА ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва од 20 часот, во Музејот на македонската борба ќе се одржи концерт по повод Светскиот ден на хармониката. Го организира здружението „Љубители на класична музика“ од Скопје, членка на Светската унија на хармоникашите

На концертот ќе настапат познати хармоникаши од Македонија и студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје од класата на професорката Зорица Каракутовска (фото). Покрај солистичките точки, на концертот ќе настапат и хармоникашки камерни ансамби. На програмата се дела од Зубицки, Вивалди, Пјацола, Бете Илин и други.

Светската унија на хармоникашите во 2009 го прогласи 6 мај за Светски ден на хармониката, затоа што на овој датум во 1829 година била патентирана првата хармоника. Овој концерт се одржува по 17. пат.