КОНЦЕРТОТ НА 7 МАРТ ВО СКОПЈЕ ЌЕ БИДЕ КАКО ПРЕТСТАВА, ВЕЛИ ЛОЗАНО

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Поп-пејачот Влатко Лозаноски-Лозано ќе одржи концерт во Скопје на 7 март. Концертот е насловен „Километри љубов“, по неговиот голем хит „Километри“.

Работиме на нешто многу посебно и многу ново за мене, концерт што ќе спои добар звук, врвна сцена, движење и емоции. Ќе има танчари, гости, изненадувања и песни кои ќе ги слушнете во сосема ново издание. Ја замислуваме вечерта како претстава, како еден целосно спакуван спектакл. Искрено, многу сум возбуден, правиме нешто што се случува многу ретко“, вели Лозано за концертот

Билетите се во продажба преку мрежата на kupikarta.com.

Тој настапи на концертот во чест на композиторот Кире Костов на 11 ноември во Скопје и го испеа хитот „Галебе мој тажен“, што Костов првично го планирал за машки вокал, а потоа песната ја снимила Верица Ристевска.

Фото: К. Попов