КОНЦЕРТОТ НА СРПСКАТА РОК ГРУПА „АРТАН ЛИЛИ“ ВО МКЦ ОДЛОЖЕН ЗА МАРТ 2024

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Младински културен центар во Скопје објави дека е одложен концертот на српската рок група „Артан Лили“, што требаше да се одржи на 28 октомври. Оттаму појаснија дека концертот се одложува од организациско-технички и логистички причини, а новиот термин на нивното гостување во Скопје е 8 март 2024.

Бендот кој одбележува десет години постоење важи за еден од најзначајните претставници на таканаречената нова српска сцена и досега има објавено два студиски албума.