Палестинската диџејка Сама Абдулхади ќе го има својот прв настап во Македонија, што ќе се случи на годинашниот Д фестивал, што ќе трае од 28 до 30 јуни. Позната како „кралица на палестинската техно сцена“, 34-годишната Абдулхади работи како диџеј и продуцент.
Таа се запознала со техно сцената додека студирала во Бејрут, а самата почнала да пушта музика по преселбата во Каиро. Во 2018 го имала првиот настап на „Бојлер рум“, а својот стил денес го опишува како „берлинско техно на либански начин“.
Досега настапувала на Коачела, Гластонбери, Примавера, Егзит…
(Фото: Фејсбук)