„КРАЛОТ НА ВАЛЦЕРОТ“ АНДРЕ РИУ СО НОВО ШОУ ВО СКОПЈЕ НА 23 НОЕМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Холандскиот „крал на валцерот“ Андре Риу на 23 ноември ќе го одржи својот втор концерт во Скопје, кој првично беше најавен за 2020, но мораше да биде одложен поради пандемијата на коронавирусот. Тој и неговиот оркестар „Јохан Штраус“ се враќаат во Македонија со сосема ново шоу, што ќе може да се види и чуе во арената „Борис Трајковски“.

Риу го создаде оркестарот „Јохан Штраус“ во 1987 година и во меѓувреме го прошири на 60-ина музичари. Пред пандемијата, тие одржуваа по стотина концерти годишно, патувајќи низ целиот свет.

Седумдесет и двегодишниот Риу првпат настапи во Македонија во јуни 2019, и тогаш во организација на „Пасворд продукција“.

(Фото: К. Попов)