Американскиот рок-рап бенд „Линкин парк“ се врати со нова постава и прва нова музика од смртта на фронтменот Честер Бенингтон во 2017. Како нови членови беа претставени пејачката Емили Армстронг и тапанарот Колин Бритејн. Армстронг, која дојде од алтернативната рок група „Дед Сара“, ќе ги дели вокалните делници со гитаристот Мајк Шинода.
Новата постава дебитираше со синглот „The Emptiness Machine“.
„Ова е многу специјален ден за нас“, кажа Шинода.
Истовремено беше најавен и нов албум насловен „From Zero“, што излегува на 15 ноември.
„Линкин парк“ беше еден од комерцијално најуспешните бендови во 2000-тите. Престана да работи откако Бенингтон изврши самоубиство на 41 година, набргу по излегувањето на последниот албум „One More Light“.
(Фото: АП)