Поп-пејачот Влатко Лозаноски-Лозано ја промовираше новата песна „Среќен пат“, за која сними и спот. Лозано вели дека му е мило што снимил емотивна балада со искрена приказна, за која верува дека ќе допре до многумина.
Текстот го напиша Луна Ристиќ, музиката е на Гоце Симоноски, а аранжманот го направи постојаниот соработник на Лозано, продуцентот Лазар Цветкоски. Режисери на спотот се Гордан Божиновски и Верица Донев-Божиновска, а во главните улоги се актерите Катерина Јовановиќ и Метин Ибрахим.
„Ми значи многу оваа песна и едвај чекав да ја споделам со публиката. А, за многу скоро подготвувам уште едно изненадување, нова песна во соработка со драги колеги од естрадата“, рече Лозано.
На 7 март, тој ќе одржи концерт во салата „Борис Трајковски” во Скопје. Концертот го најави како музичка претстава со многу гости. Влезниците се продаваат преку мрежата на www.kupikarta.com.