Тамара Тодевска одржа концерт сношти на плоштадот во Валандово во рамките на Фолк фест Валандово. Таа настапи по Сузана Спасовска и ѝ рече на публиката да ужива со баладите кои ги испеа на почетокот.
„Оваа песна ја снимив со мојот другар, децата можеби не го знаат, но ќе го споменам за да го научат, Влатко Илиевски. Песната се вика ‘Гушни ме’ и така Влатче и јас ќе останеме засекогаш гушнати”, рече Тодевска за нејзиниот школски другар кој почина во 2018.
„Ќе ми треба помош за оваа песна, а ќе ја пееме во чест на ‘ДНК‘”, кажа Тамара за песната „Фрази љубовни”, која ја испеа во дует со ДНК.
Тамара час и половина ја развеселуваше публиката. Вечерва (24 мај) ќе настапи Каролина Гочева, а утревечер е финалето на фестивалот.
М. ЏАРОВСКА