Ученици од средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“ и студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје ќе настапат на вечерашниот концерт во Филхармонијата (5 јуни) насловен „Младите доаѓаат“. Концертот почнува во 20 часот.
Како солисти ќе настапат: Стефан Трајановски – саксофон, Бојан Крстевски – кларинет, Ангела Влинтовска – виола, Боjан Наумовски – кларинет, Деница Дена Стоjаноска – соло пеење, Огнен Златанов – контрабас, Магдалена Ковилоска – флејта, Божана Гошева – виолина, Бојан Анакијевски – удирачки инструменти, Давид Петрушев – кларинет, Ѓорѓи Димовски – саксофон, Григори Ангелов – саксофон, Боjана Митковска – виолина, Филип Петрески – хармоника и Милица Станковиќ – пиjано.
Диригент е маестро Борјан Цанев (фото), а на програмата се дела од Моцарт, Менделсон, Марчело, Бара, Хофмастер, Вебер, Лехар, Дитерсдорф, Хуе, Виењавски, Сен-Санс, Зубицки и Шостакович.
Ова е традиционален концерт со кој на младите музичари им се дава можност да свират со оркестарот на Филхармонијата.