Винилното издание „Ова е Ѓорче Петров, не Скопје“ ќе биде промовирано утре (25 мај) во кафе барот „Станица парк“ во паркот во населбата Ѓорче Петров. Настанот ќе трае од 12 до 15 часот.
Издавачи на плочата се „Корпус деликти“ и „Кичма рекордс“ и на неа се собрани 14 песни од исто толку групи и музичари кои се поврзани со оваа скопска општина. Компилацијата опфаќа најразлични музички жанрови, вклучувајќи панк, блуз и хип-хоп. Дел од песните досега воопшто не биле објавени на носач на звук.
На албумот се застапени Мухамед Ибрахими, „Милко“, „21 век“, „Мариналеда“, „Смат“, „Ју“, „Дисиз“, „Мај тир“, Сашо Митревски, „Бла, бла, бла…“, Синиша Цветковски, „Ин д муд“, „Зад аголот“ и заедничка песна на Стиховен Калибар и Горан Трајкоски.
(Фото: Фејсбук)