На 1 јуни од 9:30 часот во Детскиот културен центар Карпош (ДКЦ) во Скопје ќе се одржи музичкиот натпревар „Инструментите на моите предци“ на класични и народни традиционални македонски инструменти, наменет за деца и млади од 10 до 18 години.
„Со звукот на гајда, хармоника, тамбура, кавал, кларинет, тапан, започнува овој натпревар, кој ќе нѐ одведе во различни предели и региони од нашата држава и преку ноти ќе се раскажат приказни кои зборуваат за минатото.
Со овие натпревари ДКЦ Карпош има за цел да ја развие желбата и љубовта на децата и младите, за изучување на народни изворни инструменти, а со тоа да се продолжи традицијата од нашите предци и да се остави аманет за идните поколенија“, велат организаторите.