„Навидум“ е новиот спот на музичарот Драги Иванов, за песна која е дел од од неговиот прв албум “Небо”.
Песната „Навидум“ е напишана, испеана и продуцирана од Иванов, како и остатокот од неговиот албум “Небо”.
Спотот како и претходните, тој го работеше заедно со Мирослав Илиќ.
„Ова е третата верзија на видеоспотот за ‘Навидум’, четврта ако се брои и едната концептуална идеја. Некогаш им треба време и на идеите да испливаат на површина“, вели Ивнов.
На албумот „Небо“ има 10 песни кои можат да се слушнат на овој линк.