НИК КЕЈВ ГИ ИЗНЕНАДИ ФАНОВИТЕ СО НОВ АЛБУМ

Сиднеј, (НМЕ)

Ник Кејв ги изненади фановите со објавувањето на новиот албум „Carnage“, што го сними заедно со својот долгогодишен соработник Ворен Елис. По повторното одложување на годинашната европска турнеја поради пандемијата, Кејв кажа дека го искористил периодот за да направи залихи и сними нов албум.

„Албумот како да падна од небо, тоа беше подарок. Немав намера да правам нов албум, но добив инспирација од читањето, постојаното пишување и едноставното седење на тераса и размислување за работи. Ова е брутален, но прекрасен албум“, изјави Кејв.

Иако не станува збор за албум на Ник Кејв и неговиот бенд „Бед сидс“, ова е продолжение на 25-годишната соработка со Ворен Елис. Тој е член на „Бед сидс“ од 1997 година, а со Кејв заедно пишуваа музика за филм, театар, телевизија и други музички проекти.

„Правењето на албумот беше забрзан процес на интензивна креативност. Осумте песни беа осмислени во првите два и пол дена и така решивме да снимиме и албум“, изјави Елис.