„НУВЕЛ ВАГ“ ЌЕ ГО ПРОМОВИРА НОВИОТ АЛБУМ НА Д ФЕСТИВАЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Еден од најпопуларните кавер бендови на светот „Нувел ваг“ ќе настапи на Д фестивал, каде што ќе го промовира својот нов, петти албум „Should I Stay or Should I Go?, кој излезе минатиот месец. Ова е прв албум на бендот по смртта на еден од неговите основачи Оливје Либо, кој почина во 2021.

„Нувел ваг“ е француски бенд кој свири обработки на поп, рок, панк и њу вејв класици во боса нова стил и постигна голем успех уште со својот прв истоимен албум од 2004. На него се наоѓаат песни од „Џој дивижн“, „Депеш мод“, „Клеш“, „Кјур“…

„Нувел ваг“, кој има сменето неколку женски вокали во 20-годишната кариера, веќе има гостувано во Македонија.