Австрискиот пејач Џеј Џеј победи на Изборот за песна на Евровизија во Базел, Швајцарија сношти (17 мај), и во последен момент ја победи фаворитката Јувал Рафаел од Израел која заврши втора. 24-годишниот пејач, кој е контратенор во Виенската државна опера, ја освои титулата со песната „Потрошена љубов“ (Wasted Love), балада за невозвратена љубов.
Австрија двапати претходно победи на Евровизија, прво во 1966 со Удо Јиргенс и повторно во 2014 година со Кончита Вурст.
Вистинско име на Џеј Џеј е Јоханес Пич. Роден во Виена на 29 април 2001. Иако е роден во Виена, Џеј Џеј пораснал во Дубаи, каде што неговите родители се преселиле кога бил дете. Тие се вратија во Австрија во 2016. Таткото на Џеј Џеј е Австриец и работи како програмер, а мајката е од Филипини и е готвачка.
По начинот на кој пее може да се забележи дека зад него има долгогодишно искуство. Џеј Џеј завршил на Универзитетот за музика и уметност во Виена, а одел и во оперско училиште во Државната опера во Виена.
Има искуство на сцена и со телевизиски емисии. Се натпреваруал во две музички шоуа, а во едното стасал до финалето. Покрај германскиот, Џеј Џеј течно зборува англиски, француски, а исто така и тагалог, почитувајќи ги филипинските корени. Ужива да оди на картинг.
Во 2022, Џеј Џеј дебитираше во Државната опера во Виена, а денес активно учествува во оперските претстави.
Тој е голем обожавател на Евровизија, и се запознал со некои поранешни евровизиски победници, меѓу кои и австриската победничка Кончита Вурст и британската Меј Мулер.
Фото: ЕБУ