Вчера (4 септември) македонскиот камерен оркестар „Профундис“ настапи на концерт со свеќи во Сараево во Домот на младите. Диригираше маестра Ѓурѓица Дашиќ, а оркестарот, заедно со виолинистката Ирина Мурезану од Романија, ги свиреше „Годишните времиња“ на Вивалди, „Романската рапсодија“ од Енеску и свитата „Свети Пол“ од Холст.
„Атмосферата беше вистинска бајка. Илјадници свеќи ја претворија салата во магичен простор, а емоциите на публиката беа наша најголема награда. Навистина е голема чест и огромно задоволство што сме први кои го донесоа ова концертно искуство во Босна и Херцеговина. За нас оваа турнеја е инспирација, но и потврда дека музиката навистина нема граници“, рече Дашиќ.
Турнејата продолжува вечерва во Тузла, а оркестарот на 7 септември е во Мостар.
Фото: Н. Чомага