„Ведро е“ новата песна на поп-пејачката Тамара Волческа која ја испеа на јубилејниот 40. Макфест во Штип.
Текстот за песната го напиша Весна Малинова, а музиката и аранжманот се на Дарко Тасев.
„Беше љубов на прво слушање. Не претпоставував дека токму оваа песна ќе ја најде својата светлина и ќе оживее на јубилејното издание на Макфест“, вели Волческа.
„Во моментот кога ја снимав песната, почувствував дека ова сум вистински јас“, додаде пејачката. Волческа сними и видеоспот за оваа песна за кој вели дека ја прикажува љубовта помеѓу тетка и внук. „Песната ја посветив на моите внуци“, рече Волческа.
Таа беше една од пејачките која доби најголем аплауз, на втората вечер на Макфест на 24 октомври. На третата вечер настапија легендарните пејачи кои ги испејаат најголемите хитови за 40 години Макфест.