ПЕТ МЛАДИ ЕВРОПСКИ БЕНДА И МУЗИЧАРИ ЌЕ НАСТАПАТ НА ТРЕТОТО ИЗДАНИЕ НА МУЗИЧКИ БЛОК ВО МКЦ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Третото издание на фестивалот Музички блок ќе се одржи вечерва (3 ноември) во Младински културен центар во Скопје. Целта на овој настан е промоција на млади и нови музичари и бендови од Европа, чија музика ги носи најновите музички трендови.

Фестивалот е дел од мрежата Лајвјуроп, првата паневропска иницијатива која ги поддржува напорите на концертните сали ширум Европа во промоцијата на нови музички артисти.

Ќе настапат словенечкиот поп/пост-панк бенд „LELEE“, во кој свири и македонскиот гитарист Дамјан Маневски, холандската рокенрол атракција „Cloudsurfers“, домашниот алтернативен рок состав „Харакири“, хрватскиот кантавтор и мултиинструменталист Антун Идем и српската ноиз рок група „Прото тип“.

Почетокот e во 21 часот.