ГАЛА ВЕЧЕР СО ШПАНСКО-ФРАНЦУСКИОТ ФИЛМ „ЅВЕРОВИ“ ВО МИЛЕНИУМ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Шпанскиот филм „Ѕверови“ на режисерот Родриго Сорогојен ќе се прикаже вечерва (3 ноември) од 20 часот во киното Милениум, на третата гала филмска вечер во организација на Францускиот институт во Скопје, Амбасадата на Франција и Амбасадата на Шпанија.

Во главните улоги во трилерот се Изабел Пења и Родриго Сорогојен, a филмот е годинашниот добитник на наградата Цезар за најдобар странски филм и на девет награди Гоја.

Според француските медиуми, „Ѕверови“ е исклучително трогателен филм кој гледачите ги остава без здив и моќно филмско остварување за стравот и омразата кон другиот, низ кое се истакнува талентот на Родриго Сорогојен.