ПИОНЕРОТ НА ТРИП ХОПОТ ТРИКИ ГОСТУВА ВО СКОПЈЕ ВО ОКТОМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Легендарниот британски трип хоп музичар Трики ја објави целосната листа датуми за својата есенска европска турнеја и во календарот се наоѓа и Скопје. Ако дозволат условите, тој ќе настапи во Македонија на 7 октомври.

Тоа би било второ гостување на Трики во Македонија, откако во декември 2014 беше дел од фестивалот Таксират на Скопски саем.

Педесет и тригодишниот Трики важи за пионер на трип хопот и од 1995 има објавено 14 студиски албуми. Најновото издание му е „Fall to Pieces“ од септември минатата година.