ВО ИЗРАЕЛ ПОВТОРНО СЕ ОДРЖУВААТ КОНЦЕРТИ, ВЛЕЗ ДОЗВОЛЕН САМО ЗА ВАКЦИНИРАНИТЕ

Ерусалим, (Ројтерс)

Концертот на отворено што се одржа во средата во Тел Авив е првиот настан од програмата за рестартирање на културните настани во Израел за 2021 година.

Присуството на концертот на пејачот Нурит Галон, сепак, беше ограничено, иако се одржа во парк. Можеа да присуствуваат само вакцинираните Израелци или оние кои имаат стекнато имунитет со прележан ковид-19.

На влезот, посетителите мораа да покажат таканаречен зелен пасош, односно потврда издадена од израелската влада дека имаат примено вакцина или дека се имуни на вирусот. Тие се валидни шест месеци по примањето на втората доза од вакцината.

„Се чувствуваш сигурно и удобно кога знаеш дека си во друштво на луѓе кои се вакцинирани. После едногодишно седење дома, убаво е да се излезе од таа рутинска монотоност“, изјави еден од посетителите на концертот.

Половина од населението во Израел досега ја има добиено првата доза од вакцината.

Спортските сали, базените, театрите и хотелите се отворени само за оние кои имаат потврда за вакцинирање, а внатре мора да се почитува социјална дистанца.