ПО ДУЕТОТ СО КАЛИОПИ, ЖЕЉКО САМАРЏИЌ НАЈАВИ КОНЦЕРТ В ГОДИНА ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Српскиот пејач Жељко Самарџиќ ќе одржи концерт во Скопје на 13 април следната година, објави продукцијата „Балкан медиа“. Настапот во салата „Борис Трајковски“ е во рамките на неговата турнеја „Во името на љубовта“, а на концертот ќе има и музички гости.
Во април, тој сними дует со Калиопи за песната „Знам“, која стана популарна во регионот. Самарџиќ тогаш изјави дека со Калиопи е пријател 40 години и долго време се договарале да снимат заедничка песна. Калиопи беше гостинка на неколку негови концерти во Србија.
(Фото: Фотостејџ Србија)