Традиционалниот новогодишен концерт во Филхармонијата ќе се одржи на 26 декември од 20 часот.
Популарни класични дела ќе свири оркестарот на Филхармонијата, а концертот е насловен „Слушни! Доаѓа Новата…“
На репертоарот се увертирата на „Кармен“ од Бизе, „Танцот на цвеќињата“ од балетот „Оревокршачка“ од Чајковски, и неколку познати дела од Јохан Штраус како „Виенска крв“, оп. 354, „Царски валцер“, оп. 437 „На убавиот син Дунав“, оп. 314 „Радецки марш“, оп. 228 и други.
Ќе диригира Елена Митревска.
Фото: К.Попов