ПОПУЛАРНИОТ ФРАНЦУСКИ ДИЏЕЈ ХУГЕЛ СО НАСТАП ВО ОХРИД НА 3 АВГУСТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Францускиот диџеј Хугeл, еден од најпопуларните во електронската музика во моментов, ќе има настап во Охрид на 3 август, на стадионот „Билјанини извори“, објави продукција „Прагма“ која настапот го организира заедно со „Интермецо мјузик ритуалс“.
Хугел започнал како диџеј на 16 години во неговиот роден град Марсеј. Инспириран од „Дафт Панк“, Карл Кокс и Лоран Гарние, тој брзо развил страст кон електронската музика.
Денес има над 1 милијарда прегледи на дигиталните платформи и милионски прегледи на социјалните мрежи. Најангажиран е во Франција и Ибица во Шпанија, како дицеј во популарни клубови. Негов најголем хит е „Те обожавам“ (I Adore You), песна која влезе во германската и британската топ-листа и стана голем хит на ТикТок и на Инстаграм со над 36 милиони прегледи. Билетите се продаваат преку мрежата на Купикарта.
Фото: Инсомниа