ПОСЛЕ ШЕСТ ГОДИНИ, СЕЛИН ДИОН СЕ ВРАЌА НА СЦЕНАТА СО КОНЦЕРТИ ВО ПАРИЗ

Париз, (Би-Би-Си)

Селин Дион најави дека ќе се врати на сцената, откако пред четири години ѝ беше дијагностицирано реткото невролошко нарушување синдром на вкочанетост, кое ѝ се одразува и врз гласот. Последниот концерт воопшто го имаше во март 2020.

Канадската ѕвезда во септември и октомври ќе одржи 10 концерти во Париз, во арената „Ла Дефанс“, која собира 40.000 луѓе. Педесет и осумгодишната пејачка ја објави веста на Инстаграм и го нарече своето враќање „најдобриот подарок во мојот живот“.

„Подготвена сум за ова. Се чувствувам добро, силна сум, возбудена сум и, нормално, малку нервозна. Се чувствувам одлично, го контролирам моето здравје. Повторно пеам, дури и малку танцувам. Ви благодарам на сите. Едвај чекам повторно да ве видам“, вели Дион, која имаше краток настап на отворањето на Олимписките игри во Париз,

Дион во декември 2022 објави дека зема одмор од професионалните обврски за да се фокусира на своето здравје откако ја откри дијагнозата.

(Фото: Гети)