По минатогодишниот успешен настап во Младински културен центар во Скопје, прв по цели две децении, култниот македонски индустријал бенд „Киборг“ вечерва се враќа на истата сцена во рамките на 20. издание на фестивалот Таксират.

Овојпат, „Киборг“ ќе бидат главните ѕвезди на вечерта, бидејќи Таксират ни го овозможува нивниот прв самостоен концерт.

Иако функционираа само неколку години во 90-ите, „Киборг“ останаа еден од омилените бендови на домашната андерграунд музичка сцена, кој буквално го почна својот втор живот со ланскиот повратнички настап. Во очекување на првиот албум, вечерашниот концерт треба да биде круна на досегашната кариера на групата.

Покрај оригиналните членови Дарко Јаневски и Влад Каевски, групата доби уште помоќен звук со приклучувањето на двоецот од „Санаториум“, Перо Стефановски (гитара) и Горан Атанасов (тапани).

Концертот почнува во 20 часот, а како предгрупа e најавен КННТ од Скопје.

Г. КОНЕВ