Рамбо Амадеус се враќа во Скопје на 14 март со самостоен концерт во „Јавна соба“. Во времето на сѐ поголема популарност на трибјут бендовите, црногорскиот музичар во свој стил го нарече концертот „Трибјут на самиот себе“.
Антоније Пушиќ попознат како Рамбо Амадеус е една од најоригиналните појави на регионалната музичка и општествена сцена. Тој речиси четири децении ги поместува границите на музиката и јавниот говор преку своите хумор, иронија и интелигентна сатира, постојано изненадувајќи ја публиката на своите настапи.
Од „Јавна соба“ велат дека билетите се во строго ограничен број.
Фото: К. Попов