Американскиот рапер Тига е најавен како главна ѕвезда на фестивалот Фјужн во Скопје, што ќе се одржи на 22 јуни следната година на стадионот на АРМ. Организаторот „Спектаклум“ вели дека Тига ќе ја посети Македонија во рамките на својата светска турнеја и очекуваат голем број фанови од соседните земји. Влезниците ќе бидат пуштени во продажба на 31 јануари.
Со вистинско име Мајкл Реј Нгујен-Стивенсон, 32-годишниот Тига го објави првиот студиски албум во 2008 и потоа следеа уште шест. Во 2011 беше номиниран за Греми награда за најдобра рап соработка.