РИТА ОРА СО КОНЦЕРТ ВО ОХРИД НА 1 АВГУСТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Британската поп-ѕвезда со косовско потекло Рита Ора ќе одржи концерт во Охрид на 1 август, на стадионот „Билјанини извори“, објави продукцијата „Прагма“. Ова ќе биде прво гостување на Ора во Македонија.

Рита Ора е пејачка, текстописец и актерка. Родена е во Приштина во 1990, а живее и работи во Лондон. Нејзиниот деби албум „Ора“ излезе во 2012 и се искачи на првото место на топ-листата во Велика Британија. Со трите најголеми хита од албумот, таа стана изведувач со најмногу број еден хитови во Велика Британија таа година.

Нејзиниот втор албум „Феникс“ беше објавен во ноември 2018. Водечкиот сингл „Your Song“ се најде во топ-10 во Велика Британија, како и следните синглови, по што Рита стана првиот британски соло изведувач со 13 песни меѓу најдобрите 10 синглови.

Ора беше водителка на доделувањето на Ем-Ти-Ви музичките награди во 2022. Во 2023 го објави третиот албум, а на водечкиот сингл ѝ гостуваше Фетбој Слим.

На 11 октомври 2025, Кајли Миног објави дека Ора ќе биде гостинка на американскиот дел од нејзината турнеја.

Билетите за концертот во Охрид се продаваат преку мрежата на Купи карта по цена од 1.700 до 2.200 денари.

(Фото: Фејсбук)