РОБИ ВИЛИЈАМС, ЛАНА ДЕЛ РЕЈ, МАДОНА И БОБ ДИЛАН МЕЃУ ЅВЕЗДИТЕ КОИ ЌЕ ИЗДАДАТ НОВ АЛБУМ ВО 2026

Лондон, (Би-Би-Си)

Повеќе познати пејачи и групи најавија дека ќе објават нов албум оваа година, како Мадона, Лана Дел Реј, Биб Дилан, „Ју-Ту“, и „Би-Ти-Ес“.

Долго се одложуваше новото студиско издание на кантавторката Лана Дел Реј, која рече дека новиот албум е нејзиниот музички пресврт. Со овој албум, Дел Реј се доближува кон кантри правецот. Албумот се вика „Stove“ и треба да излезе на крајот од јануари.

Албумот „Бритпоп“ од Роби Вилијамс е најавен за 6 февруари откако го одложуваше уште од минатото лето. Вилијамс го позиционира албумот како основа за уште една голема светска турнеја.

Корејските мегаѕвезди „Би-Ти-Ес“ направија пауза во 2022, кога сите седум членови се повлекоа за да ја одработат задолжителната воена служба во Јужна Кореја. Сега најавуваат враќање со сè уште неименуван албум.

Мадона исто така потврди дека е повторно во студио со продуцентот Стјуарт Прајс и рече дека новиот албум ќе излезе „некаде во 2026“.

Роби Вилијамс (Фото: Фејсбук)

И „Ју-Ту“ најавија дека се вратиле во студио, а и обожавателите на Боб Дилан имаат причина да се надеваат на нов албум, бидејќи мистичниот уметник снимал во различни студија за време на турнејата. Како и секогаш со Дилан, деталите остануваат оскудни.