„С.А.Р.С“ СО КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ НА 22 НОЕМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Српската рок група „С.А.Р.С“ ќе одржи концерт во Скопје на 22 ноември, во „Јавна соба“ од 22 часот.

Групата е основана во март 2006 во Белград од Александар Луковиќ-Лукац и Драган Ковачевиќ-Жабац кои се и денешни членови заедно со Борис Тасев, Ненад Ѓорѓевиќ, Сања Лалиќ, Тихомир Хиниќ и Жарко Ковачевиќ.

Бендот стана регионално популарен по синглот „Мувлосан леб“ (Buđav lebac), кој е снимен во скромни услови и објавен на нивниот тогашен „Мај спејс“ профил. Следуваат „Перспектива“, „Кукла“ (Лутка), „Ти,ти,ти“ и многу други.

Вториот студиски албум беше издаден на полноќ на 31 декември во 2010. Албумот можеше да се преземе бесплатно од локалните и регионалните страници на „Ем-Ти-Ви“ и за три месеци достигна речиси 50 илјади преземања, што беше голем успех во тоа време.

„С.А.Р.С“ се чести гости на фестивалите во Македонија и нивните настапи се секогаш полни. Имаат снимено седум студиски албуми и еден албум во живо. Билетите се скопскиот концерт се продаваат преку мрежата на „МК тикетс“.