САЈМОН КАУЕЛ ЛАНСИРАШЕ ПОТРАГА ПО НОВ БОЈ БЕНД КОЈ БИ ГО НАСЛЕДИЛ „УАН ДАЈРЕКШН“

Лондон, (Гардијан)

Речиси една деценија по распаѓањето на глобалниот музички феномен „Уан дајрекшн“, Сајмон Кауел тргнува во потрага по нов бој бенд.

Сајмон ве треба! Се бараат идни мегаѕвезди за нов бој бенд“, вели Кауел во кампањата лансирана во Лондон.

Аудициите ќе почнат во Њукасл на 4 јули, а следниот месец ќе се одржат и во Ливерпул, Даблин и Лондон.

Секоја генерација заслужува бој бенд со мегаѕвезди и мислам дека во последните 14 години немало бенд со успех на ‘Уан дајрекшн‘. Индустријата има тенденција да се фокусира на соло изведувачи, така што обично е потребно некој однадвор да состави група. Ништо не ја надминува забавата да се биде член на група и да се настапува низ светот пред илјадници обожаватели. Вакви групи исто така се одлична отскочна штица за идна соло кариера, како Хари Стајлс“, вели Кауел.

Тој признава дека ова носи и одреден ризик зашто британски семашки и сеженски групи немаа многу успех во изминатите години.

Бојбендовите беа на врвот на популарноста во 1990-тите и 2000-тите, во што Британците имаа успех со имиња како „Брос“, „Тејк дет“ и „Ист 17“.

(Фото: ПА)