СЕНДИАХ И „2БОНА“, ГОСТИ НА КОНЦЕРТОТ НА РИТА ОРА ВО ОХРИД

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Словонечката трап пејачка Сенидах и скопското дуо „2Бона“ ќе бидат гости на концертот на Рита Ора кој ќе се одржи на 1 август на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.

„Покрај светската поп-ѕвезда Рита Ора, настапува и Сенидах, една од најпопуларните пејачки на регионалната сцена како и македонското хип-хоп дуо ‘2Бона’, кои се доста популарни кај младата публика“, велат од продукција „Прагма“.

Сенидах има снимено три албуми, а актуелна е со новиот албум „Сен и Дах“. Има добиено повеќе регионални награди.

Рита Ора е британската поп-ѕвезда, текстописец и актерка со косовско потекло. Родена е во Приштина во 1990, а живее и работи во Лондон. Нејзиниот деби албум „Ора“ излезе во 2012 и се искачи на првото место на топ-листата во Велика Британија. Со трите најголеми хита од албумот, таа стана изведувач со најмногу број еден хитови во Велика Британија таа година.

Нејзиниот втор албум „Феникс“ беше објавен во ноември 2018. Водечкиот сингл „Your Song“ се најде во топ-10 во Велика Британија, како и следните синглови, по што Рита стана првиот британски соло изведувач со 13 песни меѓу најдобрите 10 синглови.

Ора беше водителка на доделувањето на Ем-Ти-Ви музичките награди во 2022. Во 2023 го објави третиот албум, а на водечкиот сингл ѝ гостуваше Фетбој Слим.

На 11 октомври 2025, Кајли Миног објави дека Ора ќе биде гостинка на американскиот дел од нејзината турнеја.

Билетите за концертот во Охрид се продаваат преку мрежата на Купи карта.