„Силви бенд” ќе одржи концерт на 24 јули од 20 часот на летната сцена Долни Сарај во Охрид. Публиката ќе има можност да ги слушне нивните најпознати песни, меѓу кои „Ангели ме носат“, „Ме полудуваш“ и „1762 лето“.
„Подготвивме програма во која преку секоја песна ќе ја споделиме нашата енергија и љубов со публика од сите генерации. Охрид има посебна магија, а концертот на Долни Сарај ќе биде вистинска летна бајка и ноќ што долго ќе се памети“, велат од „Силви бенд”.
Дуото лани прослави 35 години на сцената со концерт во Античкиот театар во Охрид во придружба на симфониски оркестар.