„СПАЈС ГРЛС“ ПОТВРДИЈА ДЕКА СЕ ВРАЌААТ ЗАЕДНО СО ВИКТОРИЈА БЕКАМ

Лондон, (Би-Би-Си)

„Спајс грлс“ потврдија дека планираат камбек на музичката сцена со нови проекти, откако ја одржаа првата средба од 2012 година.

Петте оригинални членки на групата, вклучувајќи ја и Викторија Бекам, која претходно децидно изјавуваше дека нема да биде дел од евентуалното обединување, биле придружувани од нивниот поранешен менаџер Сајмон Фулер.

„Сега е вистинско време заедно да истражиме некои нови неверојатни можности“, се вели во соопштението на групата.

„Спајс грлс“ експресно се здобија со светска слава со нивниот прв албум во 1996 година, за да се разделат шест години подоцна, при што некои од членките продолжија со успешни соло-кариери.

„Поминавме прекрасно попладне и се потсетивме на неверојатните времиња што ги поминавме заедно. Отсекогаш сме биле воодушевени од тоа колкав е интересот за групата низ целиот свет и се согласивме дека пред нас се уште многу возбудливи можности“, изјавија „Спајс грлс“.