ТЕХНО ЛЕГЕНДАТА ДЕРИК МЕЈ ЌЕ НАСТАПИ ВО ПРЕСПА ЗА 120 ГОДИНИ ИЛИНДЕН

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Меѓу многуте настани со кои ќе се одбележат 120 години Илинден се издвојува настапот на еден од пионерите на техно музиката Дерик Меј на брегот на Преспанското Езеро на 2 август.

Журката на плажата Дупени ќе биде своевиден мал фестивал, бидејќи покрај Дерик Меј, ќе настапат и Алекс Есид, Дејан Декс, Фирма, Маци Стојановиќ, Монго и Омару, Стојче, Томи Бојаџи и браќата Узун.

Почетната цена на влезниците е 250 денари, а потоа ќе бидат 350 и 500 денари.

Настанот го организира екипата од „Сектор 909“ и „Излет“, која зад себе има долга соработка со Дерик Меј и други легенди на техно музиката, вклучувајќи ги одлично прифатените спојки со Македонската филхармонија.

(Фото: Фејсбук)