КАЛИОПИ, ТОНИ ЗЕН И „НЕКСТ ТАЈМ“ МЕЃУ ГОСТИТЕ НА КОНЦЕРТОТ НА СЛАТКАРИСТИКА НА ИЛИНДЕН ВО ОХРИД

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

​Калиопи, Тони Зен, „Некст Тајм“, Пајак, „Дупер“, Тајзи, Зи Бомб, Цоби, Криско и диџеј Че ќе бидат гости на концертот на Слаткаристика кој ќе се одржи на 2 август од 20 часот на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.
​Хип-хоп музичарот најавува спектакл со кој ќе прослави 20 години кариера, а концертот е насловен како „Слаткаристика и пријателите“.

„​Изборот на гостите не е случаен, секој од нив има значајна улога во кариерата на Слаткар“, велат организаторите, продукција „Прагма“. Од продукцијата велат дека ​оваа вечер ќе биде полна со најголемите хитови кои ја одбележаа македонската сцена во последните 20 години.

„Конечно, ќе се одржи македонски концерт на стадион. Вечерта на Илинден, сите мои блиски пријатели ќе бидат дел од сцената. Дојдете да си поминеме најубаво. Овој концерт ќе биде круна на мојата досегашна работа. Ова е за 20 години и за следните 20 во ова“, вели Слаткаристика. Билетите се продаваат преку мрежата на Купи карта.