Пијано триото „30 прсти“ од Скопје во состав Марија Вршкова, Весна Ангелова-Христов и Петар Макариевски одржа концерт во Македонскиот културен центар во Загреб.
„Со својот шестрачен пијано концерт, триото приреди единствено музичко доживување за загрепската публика“, велат од македонскиот КИЦ во Загреб.
Триото во последните три години одржа 13 концерти, од кои десет во Македонија и по еден во Австрија, Бугарија и Србија. Минатата година, за првпат во Македонија изведоа дело за шестрачно пијано и камерен оркестар. Триото во својот репертоар вклучува дела специјално напишани и адаптирани за овој ансамбл.