ТРПЧЕСКИ ЌЕ ИЗВЕДЕ ДЕЛА НА МАКЕДОНСКИ КОМПОЗИТОРИ НА ВЕЧЕРАШНИОТ КОНЦЕРТ ВО ФИЛХАРМОНИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Дела на 12 македонски композитори ќе бидат на програмата на вечерашниот концерт на пијанистот Симон Трпчески, што ќе се одржи во Големата сала на Филхармонијата, со почеток во 19 часот. Концертот е дел од 43. издание на Денови на македонска музика и следува по интензивната светска промоција на неговиот проект „Македонисимо“.

Трпчески вечерва ќе изведе вкупно 18 композиции, а на репертоарот ќе бидат Тома Прошев, Томислав Зографски, Панде Шахов, Димитрије Бужаровски, Дарија Андовска, Борјан Цанев, Томе Манчев, Гоце Коларовски… Изведбите на „Прелудиум бр. 1“ од Александра Наумоски-Потиск и на „Сношти минав покрај Вази“ од Андовска се најавени како светска премиера.

Бидејќи концертот е насловен „Симон Трпчески и пријателите“, на дел од композициите тој ќе има и придружба од други музичари и оперски пејачи.