ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА ВО БИТОЛА ЌЕ СЛАВИ 45 ГОДИНИ СО КОНЦЕРТ НА ЕФТО ПУПИНОВСКИ

Битола, (СМАРТ СДК.МК)

Центарот за култура во Битола слави 45 години постоење денеска (10 октомври) со концерт на пејачот на народна музика Ефто Пупиновски (фото). На сцената ќе биде придружуван од битолскиот состав „Милениум“. Концертот ќе се одржи во Големата сала од 20 часот.

Центарот за култура беше пуштен во употреба на 11 октомври 1980 и до денес остана храм на културата во градот.

„Јубилејот на Центарот за култура не е само прослава на една институција, туку и на сите уметници и публика, кои со години го одржуваат жив културниот живот во Битола. Концертот на Ефто Пупиновски е само уште едно потсетување дека музиката има моќ да обединува и да создава спомени кои траат засекогаш“, соопштија од Центарот.

Ж. ЗДРАВКОВСКА