На 30 јули од 21 часот, Битолскиот камерен оркестар ќе го одржи концертот „Цветна симфонија“ во Хераклеја. Како солистки ќе настапат сопранистките Виолета Арсовска, Јаворка Витанова и Зана Абази-Тамадани од Косово, мецосопранот Марина Коруновска и хрватската виолончелистка Ана Руцнер.
„Овој концерт е летниот пандан на настанот ‘Виена во Битола’, кој секоја година се распродава за само неколку часа. ‘Виена во Битола’ традиционално се одржува два до трипати во текот на зимата и стана препознатлив белег на новогодишната елеганција и музичката префинетост во градот. Од почетокот на годината одржавме седум концерти, а до крајот на сезоната планираме уште 12“, велат од Битолскиот камерен оркестар.
Билетите се продаваат преку мрежата на yournextevent.info.
Фото: К. Попов