УТРЕВЕЧЕР ВО БАЗЕЛ ПОЧНУВА ЕВРОВИЗИЈА, МАКЕДОНИЈА НЕ УЧЕСТВУВА ТРЕТА ГОДИНА ПО РЕД

Базел, (ЕСЦ Тудеј)

Утревечер (13 мај) во Базел, Швајцарија, почнува Изборот за песна на Евровизија. На 13 мај е првото полуфинале, на 15 второто полуфинале, а на 17 мај е финалето.

Швајцарија е домаќин на Евровизија по ланската победа на Немо (фото), а хрватскиот претставник Бејби Лазања се пласираше на второто место. Од регионот ќе се натпреваруваат Хрватска, Србија, Словенија и Црна Гора, која се враќа по пауза од три години. Босна и Херцеговина не учествува годинава.

Последен пат Македонија беше на Евровизија во 2022 со Андреа Коевска, а последен пат во финалето влеговме во 2019 во Тел Авив, кога Тамара Тодевска со песната „Горда“ (Proud) го освои седмото место, што ни е најдобриот пласман досега.

На првото полуфинале ќе учествуваат Исланд, Полска, Словенија, Естонија, Шпанија, Украина, Шведска, Португалија, Норвешка, Белгија, Италија, Азербејџан, Сан Марино, Албанија, Холандија, Хрватска, Шведска и Кипар.

На второто полуфинале се натпреваруваат: Австралија, Црна Гора, Ирска, Латвија, Ерменија, Австрија, Велика Британија, Грција, Литванија, Малта, Грузија, Франција, Данска, Чешка, Луксембург, Израел, Германија, Србија и Финска.

МРТВ ќе врши директен пренос од сите вечери од 20 часот.

 

Фото: Ен-Би-Си