Рамбо Амадеус ќе одржи втор концерт во Скопје, во „ Јавна соба“ на 15 март од 18 часот, откако се распродаде првиот, на 14 март. Во времето на сѐ поголема популарност на трибјут бендовите, црногорскиот музичар во свој стил го нарече концертот „Трибјут на самиот себе“.
Антоније Пушиќ попознат како Рамбо Амадеус е една од најоригиналните појави на регионалната музичка и општествена сцена. Тој речиси четири децении ги поместува границите на музиката и јавниот говор преку своите хумор, иронија и интелигентна сатира, постојано изненадувајќи ја публиката на своите настапи. Тој беше гостин на концертот на Националниот џез оркестар на концертот „Рокенрол во џез“ во декември лани Скопје, заедно со Влатко Стефановки и Дарко Рундек.
Од „Јавна соба“ велат дека билетите се во ограничен број.